ЕУ ги повика САД да го преиспитаат запирањето на врските со СЗО

Светска здравствена организација.

Европската унија побара Соединетите држави да ја преиспитаат нивната одлука за прекинување на врските со Светската здравствена организација (СЗО), за нејзиното постапување во справувањето со коронавирусот.

„Со оглед на оваа глобална закана, сега е време за засилена соработка и заеднички решенија. Акциите кои ги ослабнуваат меѓународните резултати мора да се избегнат“, се вели во изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високиот дипломат на ЕУ Жозеп Борел на 30 мај.

„Во овој контекст ги повикуваме САД да ја преисптаат својата најавена одлука“, се вели во соопштението еден ден откако претседателот Доналд Трамп го најави потегот, обвинувајќи го телото на Обединетите нации за неуспех да ги направи „бараните и многу потребни“ реформи во услови на загриженоста во САД со менаџирањето на пандемијата на коронавирусот.

Тој рече дека САД ќе ги пренасочат средствата кон другите светски глобални потреби за јавното здравје.

Трамп повторно ја обвини Кина за глобалната здравствена криза, велејќи дека „прикривањето на земјата за вирусот во Вухан овозможило болеста да се прошири низ целиот свет.“

САД се најголемиот извор на финансиска поддршка за СЗО и нивното повлекување се очекува да ја ослабне организацијата.

СЗО допрва ќе ја коментира одлуката на Трамп.