Протестите во Минеаполис поради смртта на невооружен црнец за време на негово апсење, се раширија низ Соединетите држави, откако кај луѓето беше предизвикан гнев за низата мртни случаи на невооружени Афроамериканци предизвикани од бели полициски службеници.
Демонстрантите блокираа улици извикувајќи „животите на црните луѓе значат“ за време на протестите на 29 мај во неколку држави на САД и бараа правда за Џорџ Флојд, кој почина на почетокот на оваа недела откако од страна на бел полицаец со колено беше притиснат на вратот.
Додека повеќето од протестите беа мирни, некои демонстранти беа насилни. Во центарот на Детроит 19-годишно момче беше убиено откако лице со пиштол пукало од автомобил во толпата демонстранти доцна вечерта на 29 мај.
Протести и грабежи во Минеаполис поради обвинение за расно убиство од полицијата
Претходно вечерта, полициски командант во детроит беше погоден со камен и потоа хоспитализиран. Демонстрантите во Атланта, Џорџија, запалија полициски автомобил и скрија прозорци во седиштето на Си-Ен-Ен.
Патишта беа блокирани во Хјустон, Тексас и во Сан Хозе, Калифорнија, а прозорци исто така беа скршени во близина на зградата на седиштето на владата на државата Охајо.
Националната гарда беше распоредена во Минеаполис, каде беше употребен солзавец во напорите да се запре натамошно уништување по грабежите и подметнувањата на пожари на 28 мај.