Опозицијата во Шведска бара комисија за испитување на владиниот одговор на коронавирусот

Шведска- луѓе со социјализираат и уживаат во пролетното време и покрај епидемијата на коронавирусот,22.04.2020

Двете најголеми шведски опозициски партии денеска побараа независна комисија која ќе го испитува шведскиот одговор на новиот коронавирус.
Конзервативната Умерена партија и популистичката Шведски демократи бараат комисијата да почне со работа пред летото. Шведскиот премиер Стефан Ловен, социјалдемократ, веднаш даде поддршка за формирањето на комисијата, но рече дека ќе ја назначи откако ќе заврши пандемијата.

Како што јавува Агенцијата Франс Прес во земјата постои големо политичко единство за шведскиот мек пристап во справувањето со вирусот, но повеќето партии се согласни дека е потребно преиспитување на владиниот кризен менаџмент.

Шведска, која до денеска има околу 4350 починати од Ковид19 се обидува да ги заштити повозрасните од заболувањето, а три четвртини од починатите се во старските домови или, пак, примале домашна нега. Комисијата, исто така би требало да го испита и економскиот одговор на владата на кризата и тестирањето на евентуално заболените со коронавирусот.