Демонстранти лути поради смртта на еден афроамериканец во американскиот град Минеаполис веќе трета вечер по ред излегоа на протести. Демонстрантите влегоа во полициската зграда во градот, палејќи во внатрешноста, откако ги игнорираа барањата на полицајците за смиреност.
Протести и грабежи во Минеаполис поради обвинение за расно убиство од полицијата
Протестите се поттикнати заради смртта на Џорџ Флојд за време на апсењето на 26 мај што беше снимено на видео од страна на минувач. На видеото се гледа полицаец кој го притиска коленото на вратот на Флојд неколку минути додека тој постојано го моли да го пушти бидејќи не можел да дише. Флојд подоцна почина во болница. Четворица полицајци вклучени во инцидентот се отпуштени, а ФБИ и властите во Минесота започнаа истраги за смртта на 46-годишниот Флојд.