АНБ ги демантира тврдењата на Чулев за можно незаконско прислушување

Илустрација

Тврдењата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во целост ги отфрламе како невистинити и тендециозни, реагираат од Агенцијата за национална безбедност по неговата денешна прес-конференција јавува „Фокус“. Чулев обвини дека АНБ, се уште има можност да прислушува, односно дека оптичкиот кабел, кој наместо од Оперативно техничката агенција директно да оди до МВР, продолжува во АНБ. Од Агенцијата тврдат дека не располагаат ниту со опрема за прислушување, ниту со медијациски уреди за активирање.

„Опремата за следење на комуникации со кои располагала поранечната Управа за безбедност и контраразузнавање е предадена на Оперативно техничката агенција, на ден 27.10.2018 година, за што е изготвен соодветен записник за примопредавање потпишан од директорите на УБК и Оперативно техничката агенција“ се вели во одговорот кој го пренесува Фокус.

Реформите во следењето на комуникации поле за политички препирки

Чулев: АНБ незаконски се уште може технички да прислушува

Со реакција се јавија и од владејачката СДСМ. Оттаму во писмено соопштение велат дека Јавноста памети дека токму партијата која стои зад Чулев, ВМРО-ДПМНЕ со години го злоупотребуваше безбедносно-разузанвачкиот сектор за масовно нелегално следење на комуникациите на над 20.000 граѓани.

„Денес, тоа е минато, денес, следењето на комуникациите од страна на безбедносните служби е целосно согласно законите и доколку се појави било каков сомнеж за некаква злоупотреба институциите веднаш треба да реагираат“ се вели реакцијата на СДСМ.