Европскиот суд за човекови права со пресуда во полза на македонско здружение против Бугарија

Илустрација

Европскиот суд за човекови права пресуди во полза на македонското здружение на кое во Бугарија не му било дозволено да се регистрира. Во пресудата за предметот „Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и Радонов против Бугарија “ која денеска е донесена е наведено дека Бугарија го повредува правото за здружување од европската конвенција за човекови права.

Случајот се однесува на прашањето дали е потребно во едно демократско општество бугарските судови да одбијат да регистрираат здружение кое се залага за идејата дека постои македонско малцинство во Бугарија и се обидува да ги заштити правата на малцинствата.

Притоа во пресудата е наведено дека „одбивањето да се регистрира здружението на жалители во 2013 година претставува „ограничување“ на правото на слобода на здружување на неговите членови. Според пресудата Бугарија на подносителот на жалбата треба да му исплати симболична штета од 7 500 евра.

Оваа најнова пресуда е уште една од серијата на пресуди на Европскиот суд за човекови права во полза на здруженија на македонското малцинство во Бугарија, кои не се официјално признати од земјата.