Во САД повеќе од 100.000 починати од коронавирус

илустрација

Повеќе од 100.000 смртни случаи од коронавирус се регистрирани во Соединетите држави, а тоа е најголем број на жртви во една земја, објави доцна синоќа универзитетот Џонс Хопкинс. Во таа земја, која го регистрира првиот смртен случај кон крајот на февруари, заразени се скоро 1,7 милиони луѓе, соопшти универзитетот. Сепак, експертите веруваат дека бројот на заразени е значително поголем.

САД забранија патувања од Бразил поради коронавирусот

Во последните 24 часа во Соединетите држави починале 1.401 лица. Федералната држава Њујорк, која е најпогодена од коронавирусот во САД, брои третина од загинатите. Универзитетот Џонс Хопкинс проценува дека ќе има 123.000 смртни случаи во САД до 20 јуни. И покрај големиот број заразени, рестриктивните мерки се олеснети во САД затоа што претседателот Доналд Трамп сака да ја заживее економијата.