“Условите за парламентарните избори во Србија не се идеални, особено кога станува збор за медиумите, но бојкотот не е решение”, изјави американскиот заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер во интервју за Гласот на Америка. Палмер рече дека Соединетите држави разбираат некои од аргументите на опозицијата дека изборните услови не се фер, но предупредува дека нејзиниот глас ќе биде помалку слушан доколку ја напушти политичката арена.
Вучиќ: Србија веќе доцни со изборите
„Кога станува збор за изборите на 21 јуни, би сакале граѓаните на Србија да имаат најголем можен избор, важно е да има правилен избор во демократскиот процес и ги охрабруваме сите политички партии да учествуваат. Бојкотот скоро никогаш не е добар начин да се изрази незадоволство „Ја поздравуваме одлуката на оние што решија да учествуваат“, рече Палмер. Според него, важно е сите политички партии да имаат пристап до државните медиуми, особено РТС.