Американската вселенска агенција НАСА и приватната компанија SpaceX денеска ќе го изведат првото лансирање на човечки екипаж кон Меѓународната вселенска станица од Соединетите држави од 2011 година. Скоро една деценија Соединетите држави се потпираа врз руските ракети „Сојуз“ за испраќање американски астронаути на Меѓународната станица.
Американските астронаути претходно летаа таму на американски вселенски бродови, но таа програма заврши во 2011 година. Екипажот е составен од двајца астронаути Роберт Бенкен и Даглас Харли кои на Меѓународната вселенска станица би требало да престојуваат од еден до четири месеци.