Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен денеска, како што е најавено, треба да ги претстави предлозите на Европската комисија за справување со влијанието на вирусот врз економијата. Деновиве лидерите на Германија и Франција Ангела Меркел и Емануел Макрон предложија фонд за опоравување на европската економија од 500 милијарди евра, која е погодена од пандемијата на коронавирусот. Тие наведоа дека во предложениот фонд ќе настојуваат да се осигура дека буџетот на Европската унија ќе се троши за да им се помогне на секторите, индустриите и регионите кои особено се погодени од коронавирусот.
Дали со коронавирусот завршува и ерата на мали влади?
Со овој предлог не се согласуваат Австрија, Данска, Холандија и Шведска и презентираа нивен контра-предлог, во кој тие се спротивставуваат на, како што се наведува, „колективизацијата“ на долговите во ЕУ, наведувајќи дека членките на ЕУ мора да ги вратат парите што ги добиле од фондот за да закрепнат од пандемијата. Во врска со пакетот мерки денеска се очекува и обраќањето на Меркел. Таа ќе се осврне и врз безбедноста и надворешната политика на ЕУ пред германското претседателство со Унијата.