Датумот на изборите е детерминиран со уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу создадени услови, порача денеска премиерот Оливер Спасовски.
Тој истакна дека на македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно побрзо враќање на нормалниот колосек на функционирање на државата.
Спасовски денеска најави олабавување на мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот. Од утре се укинува полицискиот час, а од четврток отвораат угостителските објекти.