Дука: Ригорозни мерки за непочитување на корона-мерките

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука

Во општина Дебар епидемиолошката состоја и по повеќе од еден месец е стабилна, а во општата болница нема пациенти кои имаат симптоми од Корона висусот, информираше денеска градоначалникот Хекуран Дука, по состанокот на членовите на Кризниот локален штаб, на кој беше разгледана актуелната состојба со пандемијата. Дука притоа нагласи дека само 3 лица се во домашна изолација, бидејќи се дојдени од странство, но нивната здраствена состојба е добра, јави нашиот дописник од Дебар.

Градоначалникот нагласи дека ќе следат ригорозни мерки против граѓаните кои не ги почитуваат мерките на владата за полицискиот час, но и за неносење на маски. Дука рече дека има потреба сепак од масовно тестирање на населението. Покрај пандемијата, Дука вели дека Дебар се соочува и со се честите подметнувања на пожари на градската депонија и проблемите со снабдувањето со вода.

„Неодговорни лица повторно подметнаа пожар во депонијата и се очекува тие да се откријат и да бидат казнети“, рече Дука и додаде дека останува рестрикцијата на вода од 4 часа дневно, но додаде дека се праваат напори со посебен проект водоснабдувањето да се реши.

Тој побара од политичарите да не манипулираат со одредени проблеми кои во градот се присутни повеке години .