Трајно работење од дома и по коронавирусот
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Како што месецов најави Марк Зукерберг, сопственикот на „Фејсбук“, тие ќе воведат работа од дома и очекуваат да заштедат на трошоци за кирии, храна и трошоци за вработени. Според најавените планови, „Фејсбук“ ќе вработи периодов и околу 10 илјади инженери, и ќе изгради три „хабови“ во Атланта, Далас и Денвер, каде што работниците од дома ќе може да се состануват по потреба.