Германија ги укинува ограничувањата за туристички патувања?

илустрација

Германската влада сака да стави крај на предупредувањето за туристички патувања во 31 европска земја од 15 јуни ако дозволи ситуацијата со коронавирусот, пишува магазинот „Фокус“. Притоа се вели дека во документот за европскиот туризам, за кој може да се согласи кабинетот во средата, се наведувадека владата сака да дозволи патување до 26 други земји на Европската унија и Британија, како и четирите земји што не се членки на ЕУ во Шенген зоната - Исланд , Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Патување без карантин меѓу Србија, Бугарија и Грција од 1 јуни

На 18 мај, министерот за надворешни работи, Хајко Маас, изјави дека Германија би скала да го олесни предупредувањето за сите туристички патувања во странство до 15 јуни.