Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи на 1 јуни, додека јавните плажи ќе бидат отворени десетина дена подоцна.
Тој рече дека Албанија ќе ги отвори границите од 1 јуни за сите Албанци кои живеат во соседните земји, а кои имаат државјанство на тие земји – Србија, Северна Македонија и Црна Гора.
Рама додаде дека јавните плажи ќе бидат отворени на 10 јуни и дека процесот на средување на плажите ќе биде завршен овој викенд.