ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ предвреме ја почна изборната кампања

Партиско лого на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека функционери и активисти на СДСМ предвреме ја почнале изборната кампања и дека делат пропаганден материја. Во писмено соопштение наведуваат дека со тоа власта прави кривично дело со предвреме започната кампања и се загрозува јавното здравје.

„Денес функционери на СДСМ и млади активисти без соодветна заштита делеа пропаганден материјал на очиглед на целата јавност. Кај голем дел од истите немаше никаква заштита, а притоа директно ја зголемуваат опасноста од ширење на корона зараза. На Заев не му е важно здравјето на граѓаните туку партиската фотелја. Ако пред еден месец делеа поткуп со пакети под палката на Вице Заев денес тоа се маски, со што директно ги кршат препораките да нема групирање но и законот кој забранува предвреме започната изборна кампања, што преставува кривично дело," се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.