Успешно е изведена првата трансплатација на срце од починат донор синоќа на државната Клиника за кардиохирургија, соопшти на својот официјален фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
„Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги“, напиша Филипче.
Во спроведувањето на оваа операција односно прва транпслатација на срце од починат донор учествуваше тим од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, воедно и национален координатор за трансплантација.
Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа, соопшти Министерството за здравство.Во моментов на Клиниката за урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководтсво на д-р Сашо Дохчев, д-р Александар Трифуновски, д-р Ставридис и д-р Јанчулев со тим лекари од клиниката.
Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези.