Косовското обвинителство подигна обвинение за две жени за тероризам поради придружување на екстремистичката група Исламска држава во Сирија. Специјалното обвинителство на Косово денеска соопшти дека двете жени со иницијали А.А. и Л.И. отишле во Сирија каде што станале дека од терористичката организација и им пружале логистичка поддршка на борците на ИД.
Според обвинителството тие се движеле низ Сирија зависно од промената на територијата на борците на Исламска држава. По победата над нив жените биле предадени на курдските сили и депортирани во Косово на 24 април 2019 година со американска помош. Двете се соочуваат со 15 години затвор за организирање и учество во терористичка група. Една жена беше обвинета за слично дело претходно месецов. Таа беше дел од 110 косовски државјани вратени од Сирија на 17 април лани.