Годишна сесија на Народното собрание на Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг, архивска фотографија

Кинеското собрание денеска ја почна годишната сесија по над два месеца одложување поради пандемијата со коронавирусот. Како централен дел е најавеното донесување на првиот граѓански законик, широк опсег на законодавен пакет кој вклучува зајакнување на заштитата на правата на сопственост во земјата управувана од Комунистичката партија, која тешко прифаќа приватна сопственост. Граѓанскиот законик е неопходен за засилување на инвестициите и за заживување на економијата погодена од коронавирусот.

Унгарски парламент: договорот со Кина за пругата Будимпешта-Белград е тајна

Сепак, според посматрачите, граѓанскиот законик во голема мерка е спојување на постојните закони, што значи дека неговото влијание може да биде ограничено. И извршувањето е неизвесно, бидејќи судовите не се независни и на крајот и одговараат на партијата, иако правните реформи во последните години имаат за цел да им дадат на судиите поголема независност и да го засилат влијанието на локалните власти врз судовите.