Српската Влада на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб за справување со епидемијата на ковид- 19, за отварање на граничните премини и слободен влез на сите лица во Србија, без потребниот тест за коронавирус и дозволите на комисиите во српските амбасади.
Од Владата соопштија дека тестирањето по лично барање ќе чини 50 евра на територијата на цела цела земја, додека за студентите и малолетните лица, тестирањето ќе биде бесплатно.
На сите лица што влегуваат во Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што сеуште циркулира вирусот, како и начините за спречување на инфекција.
Од петок влез во Србија без тест и самоизолација
Српскиот владин Кризен штаб за заштита на здравјето на населението од коронавирусот препорача од петок, 22 мај за влез во Србија да нема потреба од негативен тест на коронавирус или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.