Ангеловска: Ќе најдеме начин за награда на сите од борбата со Ковид-19

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, на денешната прес-конференција рече дека предлогот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за парична награда на полицајците од 15.000 денари не е во склоп со барањето за ребаланс на буџетот од пред два дена, бидејќи, како што појасни, Чулев предложил кратење на трошоците во МВР за 88 милиони денари кога се изработувал ребалансот на Буџетот, а барањето за зголемување на платите стигнало неколку дена откако ребалансот бил усвоен.

„Владата ќе се труди да најде начин сите кои заслужиле да ги награди и кажав дека тоа се во првите редови после здравствените работници, и полицијата и армијата, пожарникарите и сите кои пожртвувано работат и го дадоа максималниот свој потенцијал во справување со оваа криза“, рече Ангеловска.

Министерот Чулев вчера рече дека подготвил предлог-уредба за награда за полицијците за придонес во борбата со Ковид-19 која ќе ја достави до Владата.