Угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела, односно во вторник поконкретно, ако во петок Комисијата за заразни болести донесе таква одлука, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Филипче рече дека не се согласува со констатацијата дека нашата држава има најмогу смртни случаи во регионот.
- Бектеши: За рестораните ќе каже Комисијата за заразни болести
- Комисијата за заразни болести предложила продолжен викенд карантин
- Угостителските работници бараат да се пријавени со полно работно време и бенифициран стаж
„Смртноста не е највисока во регионот. Таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заболени. Словенија има поголема смртност од нас. Меѓутоа, треба да се има предвид дека од 110 смртни случаи 22 се дијагностицирани пост мортем, по смртта, а тоа не го прави ниту една друга земја. Ние влеговме во еден начин на дијагностицирање за да ја видиме пошироката слика на епидемијата. Кога ќе ги извадите тие 22 случаи, стапката на смртност е уште помала“, рече Филипче.