Угостителските работници бараат да се пријавени со полно работно време и бенифициран стаж

Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се реши статусот на угостителските работници, да бидат пријавени со полно работно време и да им бидат платени прекувремената работа и работата за време на празник согласно Законот за работни односи.

„Бараме да се изнајде начин сите работници од нашите сектори да добијат сигурност. Вината што голем дел сме непријавени и не можеме сега да ги оствариле правата, не е само наша, туку и ваша, затоа што затаил системот на контрола, односно инспекторатите“, рече Влатко Николовски од Синдикатот за угостителство и туризам на денешната прес-конференција.

Синдикатот бара и задолжителна исплата на К-15, бенифициран стаж и платен годишен одмор од минимум 20 работни дена.

„Не отвораме војна против никого, сакаме само да се има слух и за нас и да се преземе конкретно решавање на нашите барања“, рече Николовски.