Палестина нема да ги почитува договорите со Израел и САД

Махмуд Абас

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека палестинските власти веќе нема да бидат обврзани да го почитуваат договорот постигнат со Израел и САД, откако Израел најави дека ќе го присвои поголемиот дел од окупираниот Западен Брег.

„Палестинската ослободителна организација и државата Палестина не се веќе должни да ги почитуваат договорите и спогодбите потпишани со израелската Влада и Владата на САД, вклучително и договори за безбедност“, истакна Абас на состанок на високи палестински функционери.