Филипче - Се подготвуваме за втор бран на КОВИД-19 наесен

Министерот за здравство Венко Филипче

Коронавирусот многу веројатно ќе има и втор бран покажуваат сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии. За него се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, со СЗО, но и со поединечни случаи од повеќе земји, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека почнуваат големи инвестиции во здравствениот систем и ги зајакнуваат одделенијата за интензивна нега ширум земјата.

„Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните“, рече тој.