Бектеши: За рестораните ќе каже Комисијата за заразни болести

Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на Северна Македонија

Во зависност од препораката од Комисијата за заразни болести, Владата ќе расправа и ќе донесе соодветна одлука кога ќе почнат со работа угостителските објекти, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Комисијата ѝ предлага на Владата кои објекти првично ќе бидат отворени и во кои фази кои објекти и кои сектори првично ќе почнат со работа. Како Министерство ги дадовме своите забелешки и сугестии за пртотоколот што ни беше доставен, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести“, рече Бектеши.

Од Министерството за економија, како надлежно за секторот угостителство, додаде Бектеши, ги почитува сите предлози и препораки од Комисијата за заразни болести.