Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР детектираше постоење на наводна кампања во која лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до лажна страница во која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина, информираше Министерството за внатрешни работи.
„Со кликнување на линкот, се влегува на лажната страница: https://hiphop2610.myshopify.com/blogs/news/china-s-bank-says-it-has-completed-top-level-design-of-digital currency?fbclid=IwAR3BZ8svkOdWa7_QkTV6Yf2AyyScQjTBuZqK8sdKB2sAe8FgG5vMWttmYKg, а потоа преку сите линкови кои се појавуваат на страната ве пренасочуваат кон страната https://yuan-payments.com/ која е хостирана во Украина“, соопшти Министерството.
Откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, појаснува МВР, во рок од неколку минути непознати лица ги контактираат преку телефон со цел да ги убедат дека треба што е можно побрзо да се инвестира во новата кинеска крипто валута бидејќи цената расте секој момент.
- Како да се заштитиме од сајбер кражби во време на пандемија
- Бум на онлајн купувањето поради „седете дома“
- Полицискиот час ги уплаши крадците, но не и сајбер криминалците
„Од страна на СККДФ беа направени проверки на веб страната и е утврдено дека како регистрант се јавува лицето Vasyl Dymarev од Русија. Текстовите и статиите на интернет страната се убедливо напишани, а со цел граѓаните да поверуваат на нивната веродостојност и постапката им е добро разработена, почетната сума која ја бараат за инвестиција е 250 долари, но во понатамошната комуникација се обидуваат да изнудат и поголеми парични средства“, информира МВР.
МВР апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.