Скопје и Атина иницијатори на конференција за соработката во регионот

Никола Димитров

На иницијатива на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас, денеска ќе се одржи министерска видео конференција, која претставува континуитет на собирот на високо ниво што се одржа во Солун во февруари годинава со учество на високи претставници на ЕУ. Цел на конференцијата е координација и унапредување на соработката на министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и членките на ЕУ од непосредното соседство на регионот во следната фаза од справување со социо-економските последици од пандемијата на Ковид-19.

Вархеји - ЕУ и Западен Балкан од кризата излегуваат со засилени односи

Се очекува министрите учесници на собирот да разговараат за тековната и идната соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот со исполнување на потребните медицински критериуми, како и за взаемната поддршка на националните економии.