Франција и Германија предложија фонд за ЕУ од 500 милијарди евра

Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Лидерите на Германија и Франција денеска предложија фонд за опоравување на европската економија од 500 милијарди евра, која е погодена од пандемијата на коронавирусот, јавува АП.

Во заедничка изјава германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон наведуваат дека во предложениот фонд ќе настојуваат да се осигура дека буџетот на Европската унија ќе се троши за да се помогне на секторите, индустриите и регионите кои особено се погодени од коронавирусот.

Макрон рече дека според тој предлог 27 земји членки заедно ќе се задолжат на француските пазари и ќе употребат 500 милијарди евра за обезбедување на финансии за најтешко погодените сектори и региони.

„Предлагаме да направиме вистински трансфери на пари, тоа е голем чекор“, рече денекса Макрон.

Макрон и Меркел порачаа дека ќе бараат „брз одговор“ за буџетот на ЕУ и предложениот фонд за опоравување, кои најверојатно ќе наиде на отпор на „фискалните јастреби“ во блокот, како Холандија.

„Поради невообичаената природа на кризата бираме необичен пат“, изјави германската канцеларка.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека го поздравува предлогот.