Министерката за надворешни работи на Австралија, Марис Пејн, ја поздрави меѓународната поддршка за независна истрага за пандемијата на коронавирусот, пренесе новинската агенција АП.
Европската унија изготви резолуција, поддржана од десетици земји, вклучувајќи ја и Австралија, која доби поддршка и се очекува да биде одобрена на Собранието на Светската здравствена организација во Женева, оваа недела. Поддршка за иницијативата за независна истрага до сега има од над 100 држави.
Австралиската министерка Пејн рече дека нејзината влада тежи кон тоа да се осигура дека истрагата ќе биде непристрасна, независна и сеопфатна.
„Ние сме многу охрабрени од растечкото ниво на поддршка за ова сеопфатен предлог на Светското здравствено Собрание. Со нетрпение очекуваме да видиме позитивен исход неделава“, рече Пејн.