Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во парламентот, пред да положи заклетва неговата нова влада, дека „е време“ за анексија на делови од окупираниот Западен Брег. „Време е да се примени израелскиот закон и да се напише ново славно поглавје во историјата на ционизмот“, рече тој. Врз основа на коалицискиот договор за поделба на власта помеѓу Нетанјаху и неговиот поранешен ривал, сега партнер Бени Ганц, за 1 јули е предвидена презентација на стратегија за спроведување на американскиот план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Палестинците го отфрлија планот, кој предвидува анексија на Израел на Јорданската долина и еврејските населби на Западниот Брег, палестинска територија окупирана во 1967 година. Во последната деценија, бројот на жители во еврејските населби се зголеми за 50 проценти, на над 450.000.На Западниот брег живеат 2,5 милиони Палестинци кои честопати се судираат со израелските сили.