На денешниот состанок на главниот кризен штаб, како што вчера најави премиерот Оливер Спасовски ќе се разговара за натамошниот тек на рестриктивните мерки. Според него, нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на коронавирусот, а одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести.
Пендаровски: Потребни се уште 14 дена вонредна состојба
„Најважно е не само да ги вратиме мерките, туку и да ја одржиме состојбата на ова ниво што го имаме денеска, а тоа е стабилна здравствена состојба во која здравствениот систем ќе може да одговори на состојбите пред нас“, рече Спасовски.
Филипче: Оздравени 91 отсто од здравствените работници
Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека регистрирани се 26 оздравени пациенти, а починале тројца пациенти. Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19.