Тројца починати од коронавирус, а оздравени 26 пациенти

Министерот Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека регистрирани се 26 оздравени пациенти, а починале тројца пациенти.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал 58 годишен пациент од Велес примен на 12 мај, 57 годишен пациент од Тетово лекуван на клиниката од 22 април и уште еден 78 годишен пациент од Тетово хоспитализиран на 11 мај.

Најмногу оздравени или 14 се од Куманово, по четворица пациенти од Прилип и од Велес, три од Тетово и еден од Скопје. Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1.

Ќе го стопи ли коронавирусот топлото време?

Досега во земјата се направени вкупно 21436 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.