Премиерот Оливер Спасовска на денешната прес-конференција го презентираше третиот сет на економски мерки кои се однесуваат на опоравување н економија и стимулирање на потрошувачката. Според него, станува збор за директна финансиска поддршка на граѓаните и на стопанството. Вредноста на мерките изнесува 355 милиони евра и преку нив ќе бидат опфатени 730 илјади корисници.
Во новиот пакет се издвојуваат средства од 16 милиони евра за платежни катички за за околу 100 илајди граѓани. Тие ќе добијат платежна картичка вредна 9000 денари за купување македонски производи. Картички ќе може да добијат сите невработени лица или оние кои немаат над 15 илјади месечни примања или приматели на гарантирана минимална помош.
Околу граѓани 100 илјади граѓани ќе добијат ваучери за домашен туризам од 6000 денари и домашна платежна картичка од 3000 денари. Со оваа мерка се опфатени сите вработени со нето плата помала од 15 илјади денари и немаат други приходи. Парична поддршка ќе има и за млади до 6000 денари за кофинасирање за обуки или за партиципација на универзитет или сместување во студентски домови. Потоа и ваучери од 30 илјади денари за кофинасирање на обуки, тренинзи за вештини и знаења од информатичка техонологија кои ќе им овозможат брзо вработување. Ќе бидат опфатени исто така 100 илјади млади, а ќе бидат издвоени 12 милиони евра. Паричен надоместок ќе добиваат и сите граѓани кои загубиле работа од 11 март до 30 април.
Бескаматни кредити ќе се овозможат и за фирми преку развојна банка од 31 милиони евра за поддршка на жени, млади и дигитализација на бизнисот, како и грантови и неповратни средства за компании кои се водени од жени или вработуваат млади лица, кои се извозно ориентирани или воведуват иновација и дигитализација.
Стопанството дише „на шкрги“, секоја трета фирма бара помош
За стартапи ќе се издвојат 125 милиони евра за извозно ориентирани компании, како и гаранција за обезбедување на царински долг. Додека пка 25 милиони евра ќе бидат одвоени за приватен сектор за нови пазар, конкурентност и модернизација.
За воведување на дигитална платформа за нови пазари за текстилните фирми ќе се издвојат 1 милиони евра, како и 1,6 милиони евра за иновативни продукти и за трансформирање на етното село во Нерези во македонско стартап село. Ќе се кофинансираат настани и конференции со 50 проценти или најмногу до 30 илјади денари. За оваа намена ќе бидат издвоени 245 илјади евра.
За помош на земјоделците ќе се издвојат 76,1 милиони евра. Додека пак за вработените на Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здрвје, Центрите за јавно здрвје и членови на тимови на итна помош ќе добијат 20 осто повисока плата за 2 месеци преку домашна платежна картица. Со овој трет пакет вкупната помош досега изнесува 550 милиони евра или 5,5 проценти од БДП.