Министерот за здравство Венко Филипче денеска на Фејсбук објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од корнавирус сега се целосно оздравени.
„Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување“, додава Филипче во објавата.
Во друга објава, тој посочува и дека до крајот на наредната неделата ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.