Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска реагираше на изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски околу менувањето на границите меѓу Србија и Косово. Според Вулин, најмалко е важно што Пендаровски мисли за прашањата кои се однесуваат на соседните држави.
„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето“, јави РТС.
Кабинетот на Пендаровски за „Газета Експерес“ соопштил дека македонскиот претседател верува оти решенија, кои можат да доведат до промена на границите и размена на територии и луѓе, може да имаат штетно влијание врз регионот и врз сеопфатните напори што се вложуваат во постконфликтното опоравување на регионот и изградбата на одржливи мултиетнички општества.