Владици и плажи
БЕЛГИЈА / КИНА - Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел побара да спроведе независна стручна истрага за потеклото на коронавирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, пренесе германската новинска агенција ДПА.
САД - Обединетите нации предупредија дека порестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе доведат до долгорочно зголемување на трговијата со луѓе.
МАКРДОНИЈА - Нова вонредна состојба од 14 се сосема доволни за спроведување на економските мерки и заокружување на борбата за здравјето на граѓаните рече денеска претседателот Стево Пендаровски.
ЦРНА ГОРА / СРБИЈА - Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфихолије побара од државните органи веднаш да го ослободат од притвор осомничениот епископ Јоаникија и свештениците кои со него беа приведени. Владиката Амфилохије зборувајќи на мегафон пред насобраните демонстранти пред судот изјави дека власта со апсењето на свештениците подготвува граѓанска војна. Свештениците се приведени поради прекршување на забраната за јавни собири.
УНГАРИЈА - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека планира да се откаже од пандемискиот декретдо крајот на овој месец, декрет кој предизвика лавина од критики поради огромните овластувања.
ГРЦИЈА - Сопствениците на организираните плажи во Грција изминативе денови интензивно работат на подготовките за утрешното отворање, под нови и строги правила и прописи, јавува новинската агенција МИА.
САД - Соединетите држави соопштија дека припадници на милитантната организација Исламска држава, а не на Талибанците, го извршиле нападот врз една болница во Кабул оваа недела и го повторија својот повик до авганистанските власти да го прифатат мировниот процес со талибанското движење.
СЛОВЕНИЈА - Словенија е првата европска земја што прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот се смирило, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на инфекција во последните 14 дена.
РУСИЈА / СРБИЈА - Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за односите меѓу двете држави, ситуацијата во Западен Балкан и борбата против коронавирусот.