Митрополитот Амфилохија пред Судот: Јас сум главниот виновник

Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфихолије побара од државните органи веднаш да го ослободат од притвор осомничениот епископ Јоаникија и свештениците кои со него беа приведени. Владиката Амфилохије зборувајќи на мегафон пред насобраните демонстранти пред судот изјави дека власта со апсењето на свештениците подготвува граѓанска војна. Свештениците се приведени поради прекршување на забраната за јавни собири.

Судот денеска треба да донесе одлука дали ќе им биде продолжен притворот на свештениците или пак ќе им се овозможи да се бранат од слобода.

На приведувањето му претходеше масовна литија во која учествувале неколку илјади граѓани. Забраната за јавни собири е на сила како мерка од Националното координативно тело за сузбивање на Ковид 19.

Владиката на мегафон изјави дека е време да се прекине со „братоубиствата“ .

„Јас сум тука главниот виновник, ако некој треба да биде суден и да му биде пресудено, нема никој друг во Црна Гора освен митрополитот, “ рече владиката.