Повеќе од 2.000 луѓе протестираа во Софија против мерките за спречувње на коронавирусот, наведувајќи дека бугарската влада вовела „непотребни“ мерки затоа што земјата е малку погодена од вирусот. Протестот беше организиран во центарот на Софија, а демонстрантите го носеа бугарското знаме и не се придржуваа кон мерките за физичко растојание. Митингот заврши по неколку инциденти со припадници на безбедносните сили. Демонстрантите одговорија на повикот на радикална левичарска организација и ова беше прв собир организиран од воведувањето карантин на населението на 13 март.
Пендаровски и Радев го откажаа чествувањето на Кирил и Методиј во Рим
Карантинот, кој не беше толку строг во Бугарија во однос на другите земји, започна да се олеснува пред една недела, па кафулињата и рестораните беа повторно отворени. Големите градови веќе не се блокирани и можно е да се движат низ земјата. Во Бугарија, која има седум милиони луѓе, регистрирани се 2.100 заразени со вирусот, од кои 99 починале.