Европската здравствена агенција (ЕМЕА) објави дека вакцината против коронавирус може да биде подготвена за една година и дека тоа е оптимистичко сценарио.
Од ЕМЕА појаснуваат дека оваа нивна претпоставка ја темелат на податоците добиени од голем број експерименти.
„Доколку се оди според планот, можеме да видиме можност вакцината да ја добиеме за една година“, изјави Марко Кавалери, шеф на тимот за откривање на вакцините.