Во синоќешните немири на улиците на црногорскиот град Никшиќ повредени се22 полицајци, откако граѓанитете на протестен марш побараа ослободување од притвор на српскиот епископ Јоаникије, пренесува црногорскиот весник „Вијести“. Станува збор за полесни повреди на полицјаците и сите добиле лекарска помош.
Црна Гора уапси епископ на СПЦ за организирање литија во пандемија
Во Никшиќ синоќа полицијата фрли солзавец и употреби шок бомба за време на протестниот марш, додека граѓаните фрлаа камења врз полицијата и извикуваа „усташи“, пренесува весникот. Полицијата уапси голем број граѓани, меѓу кои и новинар на „Вечерње новости“.