ОН: пад од 3,2 проценти на светската економија во 2020 година

илустрација

Обединетите нации проценија дека светската економија годинава ќе падне за 3,2 проценти, како резултат на пандемијата на коронавирусот, најмногу од Големата депресија во 1930-тите. Во извештајот се предвидува дека кризата предизвикана од пандемијата ќе доведе до намалување на светското производство за скоро 8.500 милијарди долари во следните две години и ќе ги избрише скоро сите профити од претходните четири години.

Ковид-19 - како светот се справува со зголемената невработеност?

ОН во јануари предвидоа скромен економски раст од 2,5 проценти во 2020 година. Исто така се додава дека 34,3 милиони луѓе веројатно ќе паднат под крајната линија на екстремна сиромаштија, од кои 56 проценти се во Африка. ОН предвидуваат дека дополнителни 130 милиони луѓе би можеле да се најдат во крајна сиромаштија до 2030 година.