Народната кујна во Дебар почна да работи

Народна кујна во Дебар

По повеќе од два месеци во Дебар повторено проработи народната кујна во која секојдневно добиваат топол оброк 120 семејства. Прекинот на работата на кујната која постои во рамките на центарот за социјални работи во Дебар беше поради појавата на корона вирусот и кризната состојба во оваа општина на 13 март годинава.

Директорот на меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Дебар Крешник Пачуку изјави дека по прекинот на работата на кујната, семејствата кои се хранат во оваа кујна добиваа неделни пакети со храна кои беа доставувани до нивните домови. Според Пачуку народната кујна нуди топол оброк со добар квалитет.

Последната година е зголемен бројот на семејствата со социјален ризик во општина Дебар кои бараат топол оброк, заради што веќе е доставено барање до министерството за да го зголеми бројот на лицата кои ќе добиваат храна во народната кујна во Дебар.

Во општините Дебар и Центар Жупа бројот на бројот на семејствата кои примаат социјална помош е 730, но само екстремно загрозените социјални случаи се на списокот на народната кујна .