ЕК: Да се спаси туристичката сезона, но со минимален ризик

Европската Комисија ги објави своите препораки до земјите членки на ЕУ за укинување на рестрикциите и постепено отворање на границите во ЕУ. Препораките важат и за Западниот Балкан, јави МИА од Брисел. Во пресрет на летните одмори, Европската Комисија бара земјите членки на Унијата да се водат од нејзините препораки за да се спаси туристичката сезона, а истовремено да се сведе ризикот од втор бран на Ковид-19 на минимум.

Комисијата во пакетот презентиран денеска пред јавноста смета дека укинувањето на рестрикциите треба да оди во фази, на координиран и флексибилен начин, што значи дека мерките треба да можат повторно да бидат воведени доколку биде потребно, и врз основа на епидемиолошките податоци, јави МИА од Брисел.

Луѓето во Европа треба да имаат можност да земат „заслужен одмор“, стои во стратегијата, истовремено и да им се овозможи на земјите безбедно да ја рестартираат туристичката индустрија.