Обвинителството во црногорскиот град Никшиќ утрово им изрече 72-часовен притвор на епископот на Српската православна црква, Јоаникие, и на уште седуммина свештеници, откако синоќа беа успасени за организирање литија во Никшиќ, со што ја прекршиле владината забрана за организирање масовни собири поради епидемијата на коронавирусот.
„Со овој верски собир, Српската православна црква ја прекрши одредбата за забрана на организирање собири. Сите кои не се придржуваа до ветувањата дадени на полицијата ќе сносат одговорност и последици“, изјави директорот на црногорската полиција, Веселин Вељовиќ.
Митрополитот на СПЦ Амфилохие и Јоаникие ја предводеа традиционалната литија по улиците на Никшиќ по повод денот на Свети Василиј Острошки, во која учествувале илјадници граѓани. Според Амфилохие, молитвата требало да се одржи во црква, но „кога виделе колку верници се собрале, решиле да не се откажат од прошетката“.