Државниот секретар на САД Мајк Помпео пристигна во Израел на разговори со премиерот Бенјамин Нетанјаху и другите членови на новата влада на Израел за активностите на Иран на Блискиот исток, пандемијата на ковид-19 и други прашања.
Израел доби Влада на национално единство
Разговорите го вклучуваат „дестабилизирачкото однесување на Иран во регионот, активностите во Сирија и развој на настаните со Хизболах во Либан“, рече американскиот помошник секретар за блискоисточни работи Дејвид Шенкер, додавајќи дека Помпео отпатува за Израел затоа што признава дека Соединетите држави и Израел „имаат многу да научат едни од други.