Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи, централна фигура во кризниот штаб на Белата куќа за коронавирусот, предупреди на „многу сериозни“ последици доколку економијата пребрзо се ресетира среде пандемија и оти бројот на загинати во САД би можело да биде „поголем“ од официјалниот биланс.
Трамп прекина прес-конференција: Прашајте ја Кина!
„Последиците би можеле да бидат многу сериозни доколку сојузна држава, град, регион реши да ја отвори својата економија пред да се исполнат потребните услови, односно регистриран пад на епидемијата во текот на 14 дена", рече Ентони Фаучи на сослушувањето во американскиот Сенат, пренесува Франција прес. Бројот на починати во САД, кои се најтешко погодени во светот од коронавирусот, е повеќе од 80.000, а околу 1,3 милиони заразени луѓе.