Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од денеска почнува скринингот на одредени категории групи на граѓани за ковид-19. Според него, први на скринингот ќе бидат вработените во градинките, односно околу 2.000 лица. „За период од една недела може да се заврши тој процес и градинките би се вратиле во функција. Она што е најважно, е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита“, рече тој, најавувајќи го предлог планот за олабавување на мерките воведено за спречување на ширењето на коронавирусот.
Договор за избори нема, нова лидерска следната недела
Вчера Владата донесе одлука денеска да започне со „олеснување“ на ограничувањата воведени поради епидемијата на коронавирусот и да бидат отворени, меѓу другото, и трговските центри. Вкупната бројка на заболени од ковид-19 во земјава, според податоците од вчера, изнесува 1.674. Од нив, 1.205 оздравеле, 92 лица починале, а активни случаи има 377.