Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа рече дека членовите на американската Демократска партија кои го критикувале неговиот став кон Косово се многу моќни и оти не е случајно што Белград повеќе очекува од администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп. На прес-конференцијата во српското претседателство, Вучиќ рече дека „нападот врз него и Србија“ од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом на САД Елиот Енгел и поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт „покажува дека би сакале Србија да го признае независно Косово, а да нема легитимни барања“.
Зошто на Србија не и се воведени американски санкции?
"Најистакнатиот албански лобист од Бруклин, Елиот Енгел, е многу моќен човек, а не сакам да зборувам за моќта на Медлин Олбрајт. Таа има огромно влијание во САД, особено во Демократската партија. Не е случајно што очекуваме многу повеќе од администрацијата на Трамп“, рече Вучиќ. Претходно, медиумите објавија дека Енгел и Олбрајт изразија жалење на седницата на Комитетот за надворешна политика на Претставничкиот дом што Соединетите држави повеќе не го поддржуваат Косово како порано и дека дека Вучиќ прави сé што може за да ја поткопа демократијата во Косово.