Српски провладини и десничарски опозициски претставници штрајкуваат со глад сè додека не бидатисполнети нивните барања. Во истовреме, нивните приврзаници организираа протести и беа одвоени од полицијата пред парламентот во Белград. Политичката драма на 11 мај доаѓа откако претседателот Александар Вучиќ се соочува со можен бојкот на опозицијата на парламентарните и локалните избори што може да доведе до уште подлабока политичка криза. Десничарското движење Двери, предводено од Бошко Обрадовиќ, бара изборите закажани за 21 јуни да бидат одложени до есен поради пандемијата на коронавирус и, како што рече, пради нефер условите за кампањата.
Обрадовиќ почна штрајк со глад, пратеници од СНС најавија контра штрајк
Србија беше во предизборна кампања кога во март беше прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, а изборите закажани за 26 април беа одложени на 21 јуни. Во меѓувреме, приврзаниците на Вучиќ и неговата партија сакаат обвинителите да го испитаат Обрадовиќ во врска со инцидентот на 8 мај, кога членовите на Двери влегоа во расправија со министерот за здравство пред парламентот. Двајца членови на парламентот од Српската напредна странка излегоа на штрајк со глад на 10 мај во знак на протест против инцидентот. Вучиќ ги повика сите страни да престанат со штрајкот со глад и опозицијата да влезе во преговори, истовремено предупредувајќи дека сите собири треба да завршат со оглед на тековната пандемија на коронавирус.